среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 47
home Хроника

Скопје: 13 сообраќајки, 7 лица повредени

Скопје: 13 сообраќајки, 7 лица повредени

Седум лица се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во шест била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло и пет возачи за неправилно престигнувње. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал крстосница на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и едно технички неисправно возило и шест нерегистрирани возила. Затекнати биле 111 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 68 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајната култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Кул Кидс“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.

Коронавирус