сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанката која си ја задави својата мајка останува во притвор

Скопјанката која си ја задави својата мајка останува во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.

Проценувајќи дека и натаму постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.