среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 84
home Хроника

Скопјанка тешко повредена, удрена од автомобил на „Партизанска“

Скопјанка тешко повредена, удрена од автомобил на „Партизанска“

Скопјанка е тешко повредена откако во неа вчера околу 13:50 часот удрил автомобил.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила на булеварот „Партизански oдреди“ кога З.С.(47) од Тетово, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.П.(67) од Скопје.

-Од ударот со повреди се здобила И.П., која со друго возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во полицискиот билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.