понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 15
home Хроника

Скопјанка тешко повредена, момче удрило со автомобил во неа

Скопјанка тешко повредена, момче удрило со автомобил во неа

Сообраќајна несреќа во која жена пешак е повредена се случила синоќа на крстосница од ул.„Бледски договор“ и „Трифун Пановски“ во Скопје.

Автомобил „мицубиши колт“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(20) од Скопје, удрил во пешакот Р.Ј.(53) од Скопје.

-Во незгодата, Р.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус