сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Скопјанка прегазена во Аеродром, со тешки повреди пренесена во болница

Скопјанка прегазена во Аеродром, со тешки повреди пренесена во болница

Шеесет и шест годишната М.В. од Скопје е тешко повредена откако била удрена од автомобил.

Несреќата се случила вчера околу 15:45 часот на крстосницата од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“.

-Патничко моторно возило “Опел мерива“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Д.(70) од Скопје удрило во пешак М.В.(66) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.В. по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.