сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка починала дома, пријавено во полиција по 3 дена- телото на обдукција, случајот се испитува

Скопјанка починала дома, пријавено во полиција по 3 дена- телото на обдукција, случајот се испитува

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, К.В. пријавил дека Љ.С.(55), лице со здравствени проблеми, му кажал дека во домот на ул.„1439“ неговата мајка Ј.С.(80) била почината пред три дена.

Екипа на Итна медициска помош констатирала смрт.

Известен е Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.