вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 147
home Хроника

Скопјанка паднала од тераса на тротоар- итно пренесена во Градска

Скопјанка паднала од тераса на тротоар- итно пренесена во Градска

Во СВР Скопје вчера околу 21.00 часот било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса.

Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус