петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 203
home Хроника

Скопјанка и кичевец каснати од кучиња скитници

Скопјанка и кичевец каснати од кучиња скитници

Два нови случаи на каснување од кучиња скитници се пријавени во текот на вчерашниот ден.

Вчера во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром, М.Р.(26) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.45 часот на улица „Венјамин Мачуковски“ била касната од куче скитник во пределот на нозете.

Во Полициската станица во Кичево, В.Н. (40) од кичевското село Другово пријави дека на 13.02.2019 година околу 13 часот во селото бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Коронавирус