сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 118
home Хроника

Скопјанка доведена во заблуда: Му дала златен накит на „бајач“, а еве што направил тој со него

Скопјанка доведена во заблуда: Му дала златен накит на „бајач“, а еве што направил тој со него

Вчера во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач, при што пријавителката на 30.06.2021 на М.Ш. му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.

Според пријавеното, откако пријавителката се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Коронавирус