недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Хроника

Скопјани продавале марихуана и кокаин во Лагадин

Скопјани продавале марихуана и кокаин во Лагадин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13. месецов во населба Лагадин во Охрид, соопшти денеска МВР, полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.