понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Хроника

Скопјани нападнале полициски службеник

Скопјани нападнале полициски службеник

На улицата “Димитрие Чуповски“ во близина на Порта Македонија, вчера околу 21:20 часот едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.

-Лицето било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички нападнало полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициската станица Центар и било утврдено дека станува збор за Д.М.(35) и Ж.М.(35) од Скопје, информираат од МВР.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.