сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 49
home Хроника

Скопјани ги малтретирале поранешните девојки – ги киднапирале во возило

Скопјани ги малтретирале поранешните девојки – ги киднапирале во возило

35-годишната К.Е. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 22.30 часот на булевар „Партизански Одреди“ лицата С.С. и Б.Р. ја малтретирале нејзината малолетна ќерка и нејзината другарка, со кои претходно биле во љубовни врски.

Според пријавата, Б.Р. и С.Р. насилно ги внеле поранешните девојки во нивното возило, а со нив влегла уште една другарка. С.С. и Б.Р. барале од девојките да се смират односно да ги продолжат врските. Откако виделе дека нема да успеат во намерата да се смират, ги оставле девојките на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус