сабота, 15. август 2020. Вести денес: 75
home Хроника

Скопјанец заработи обвинение и продолжување на притвор за продажба на дрога

Скопјанец заработи обвинение и продолжување на притвор за продажба на дрога

Скопјанец осудуван за пуштање во промет на наркотични дроги, заработи обвинение за продажба на хероин и марихуана и продолжување на притворот.

Како што соопшти Јавното обвинителство, до Кривичниот суд Скопје поднеле Обвинителен акт против четириесет и едногодишен скопјанец, поради тоа што во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во повеќе наврати во периодот од јуни до средината на септември, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин и марихуана. При извршени три претреси на неговиот дом во наведениот период била пронајдена дрога во помали количества, како и сива дигитална вага со траги од хероин и кокаин.

Со оглед на тоа што се работи за лице претходно осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител процени дека постои опасност тој да го повтори делото или да се даде во бегство, па до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Коронавирус