недела, 20. септември 2020. Вести денес: 83
home Хроника

Скопјанец загина на лице место откако се превртел неговиот трактор

Скопјанец загина на лице место откако се превртел неговиот трактор
фото илустрација

Во текот на вчерашниот ден, скопјанец го загубил животот откако изгубил контрола над тракторот во селото Ковач, Македонски Брод.

На 27.04.2018 година околу 13:00 часот било пријавено дека во атарот на с.Ковач- Македонски Брод, М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен пат, изгубил контрола над тракторот којшто се превртел а од здобиените повреди М.С. починал на самото место.

Од страна на лекар од Јавната здравствена установа Македонски Брод констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Коронавирус