Вчера во 20,30 часот во Скопје, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода, а кога полициски службеници се обиделе да извршат легитимирање на еден од учесниците, И.В.(37) од Скопје, истиот почнал да им се заканува и да им упатува погрдни зборови и пцовки.
Потоа лицето се дало во бегство. Од страна на полициските службеници И.В. бил приведен и било констатирано дека е под дејство на алкохол.
На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.