четврток, 5. август 2021. Вести денес: 70
home Хроника

Скопјанец возел 20 мигранти, од кои 9 биле малолетни

Скопјанец возел 20 мигранти, од кои 9 биле малолетни

На 11.06.2021 во 08:10 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус