недела, 24. септември 2023. Вести денес: 27
home Хроника

Скопјанец украл фотоапарат, па го продал во заложна куќа – заработи кривична

Скопјанец украл фотоапарат, па го продал во заложна куќа – заработи кривична

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична прија против Д.Б.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

-На 29.10.2018 година во периодот од 19.30 до 19.45 часот во кафе бар на улица „Кеј Димитар Влахов” во Скопје, при згодна прилика, пријавениот одзел фото апарат „Никон”, по што истиот го продал во заложна куќа и се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари, информираат од полицијата.