недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Хроника

Скопјанец украл „БМВ Х5“, полицијата го најде и го уапси

Скопјанец украл „БМВ Х5“, полицијата го најде и го уапси

На 21.07.2019 полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило.

Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул.„Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен.

При приведувањето О.А. физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.