Скопајнец на возраст од 64 години се здобил со тешки повреди во сообраќајка која вчера околу 10:20 часот се случила на крстосницата од ул.„Македонски војски“ и ул.„Ѓорче Петров“.
Во несреќата, информира полицијата, учествувале автомобил „дачија логан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ж.А.(56) од Скопје и мопед „јонвеј“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(64) од Скопје.
-Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.