недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Хроника

Скопјанец тешко повреден откако паднал од мотор

Скопјанец тешко повреден откако паднал од мотор

Скопјанец е тешко повреден откако вчера изгубил контрола управувајќи мотор „Априлија“ и паднал.

Несреќата, информираат од МВР, се случила околу 17:20 часот на крстосница од ул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Александар Урдаревски“.

-Џ.М.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.