четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Хроника

Скопјанец со влошена здравствената состојба починал во сообраќајка пред Градска, повредени две лица

Скопјанец со влошена здравствената состојба починал во сообраќајка пред Градска, повредени две лица

Едно лице почина, а две се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(37) од Скопје и „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувана од Ј.В.(50) од Скопје.

-По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“ Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус