вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец со цел арсенал муниција во кола фатен кај Гостивар

Скопјанец со цел арсенал муниција во кола фатен кај Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Завчера на магистралниот пат Кичево – Гостивар, при претрес на возило во кое осомничениот 24-годишен жител на Скопје се превезувал како сопатник, кај него биле пронајдени вкупно 612 куршуми муниција за пиштоли со различен калибар. Муницијата била пронајдена во џебовите на осомничениот и под седиштето во автомобилот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Коронавирус