петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Хроника

Скопјанец со автомобил излетал од патот кај Градско-Неготино, тешко повредени тој и сопатничката

Скопјанец со автомобил излетал од патот кај Градско-Неготино, тешко повредени тој и сопатничката
фото илустарција

На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на автопатот Градско-Неготино, кај Стоби, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(62) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата В.Џ. и сопатничката Т.Ѓ.(68) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

ЕУРО 2020

Македонија