Хроника на подрачје на Кисела Вода

Скопјанец пронајден починат пред гаража, наредена обдукција

Скопјанец пронајден починат пред гаража, наредена обдукција

На 11.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top