вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 62
home Хроника

Скопјанец пронајден мртов во подземни гаражи на Партизанска

Скопјанец пронајден мртов во подземни гаражи на Партизанска

Четириесет и осум годишниот Г.С. од Скопје вчера околу 19:50 часот бил пронајден мртов  во подземните гаражи на булеварот „Партизански одреди“.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е дадено за обдукција.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Коронавирус