вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Хроника

Скопјанец пронајден мртов во автомобил

Скопјанец пронајден мртов во автомобил

На 18.10.2019 во 01.12 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на локалниот пат с.Петровец кон с.Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки, и во него имало лице кое не било при свест, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л.(64) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.