петок, 17. септември 2021. Вести денес: 3
home Хроника

Скопјанец приведен во Охрид, еве што најде полицијата кај него

Скопјанец приведен во Охрид, еве што најде полицијата кај него

Во Охрид приведен е Е.Н. од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека денеска во 14:40 часот на бул.„Туристичка“, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е.Н. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  (МИА)

Коронавирус