вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 152
home Хроника

Скопјанец превезувал 12 мигранти од Бангладеш

Скопјанец превезувал 12 мигранти од Бангладеш

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против А.Љ.(26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење со мигранти“.

На 21.06.2020 на магистралниот пат Штип – Велес кај место викано „делисенска пруга“ од полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, било сопрено патничко возило „порше каен“, сопственост на Б.Д. од Скопје, а управувано од пријавениот.

При прегледот во возилото пронајдени биле 12 мигранти од Бангладеш, од кои шест биле малолетници. На пријавениот изречена му е мерка притвор и предаден е во КПУ Затвор- Скопје.

Коронавирус