вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец прегази две жени, со повреди пренесени во Ургентен

Скопјанец прегази две жени, со повреди пренесени во Ургентен

Две жени се повредени, од кои една потешка, откако во нив удрил автомобил „Опел Корса“ управуван од скопјанецот С.А. (58).

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера во 14.00 часот на крстосницата од улица „Белградска“, улица „Тодор Александров“ и булевар „Мајка Тереза“.

Автомобилот удрил во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци, скопско и М.Б.(54) од Скопје.

-Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди, додека М.Б. се здобила со телесни повреди. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус