петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 142
home Хроника

Скопјанец правел измами како од филм, нема да верувате какви работи договарал

Скопјанец правел измами како од филм, нема да верувате какви работи договарал

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени четири кривични дела „измама“.

Б.А. на 22.01., 30.01., 21.02. и 19.02.2020 со телефонско јавување на неколку лица од кои еден сопственик на кафеана, вработен во гостилница и сопственик на фирма лажно преставувајќи се дека е претставник на фирма или како физичко лице им барал услуга за резервација на маса за 20 лица во кафената, исто така барал да извршат транспорт на починато лице од болница во Кичево, услуга за резервација на маса за 50 лица и огномет во гостилницата. а исто така  и порачал 55 сончеви колектори од една од фирмите кои ги измамил.

Во првите три случаи им побарувал парични средства кои оштетените  ги оставале кај непознати лица посочени од пријавениот, при што од оштетените биле земени парични средства во првиот и вториот  случај по 16.000 денари, во третиот случај 15.000 денари, додека во четвртиот случај непознато лице извршило транспорт на сончевите колектори чија материјална вредност изнесува 746.500 денари.

Коронавирус