На 17.08.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Втора македонска бригада“, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(42) од Скопје, паднал на коловозот.
-Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.