недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Хроника

Скопјанец повреден од залутан куршум одбил да оди во болница

Скопјанец повреден од залутан куршум одбил да оди во болница

Младо момче од Скопје било повредено во ногата од залутан куршум додека работело.

Околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Сарај, скопско, во објект во изградба, додека 29-годишниот Д.З. и 63-годишниот Б.С. од Скопје работеле на објект, Д.З. се здобил со телесна повреда на ногата од залутано зрно, но одбил да биде пренесен за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.