понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец оштетил две возила и украл предмети во вредност од 100.000 денари

Скопјанец оштетил две возила и украл предмети во вредност од 100.000 денари

СВР Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар – Бит Пазар, поднесе кривична пријава против Н.Д. (47) од Скопје, поради основи на сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

На 01.04.2019 во периодот од 18:00 до 21:45 часот на на паркинг простор на ул.„Аминта Трети“, во патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, со употреба на тврд предмет го скршил стаклото и одзел повеќе предмети. Исто така, на 07.10.2019 во периодот од 13:00 до 14:00 часот на паркинг простор на бул.„ВМРО“ на идентичен начин оштетил патничко моторно возило „хјундаи“, при што не одземал ништо.

Коронавирус