понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 131
home Хроника

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификуван тест за коронавирус

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификуван тест за коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 55-годишник од Скопје со место на живеење во Истанбул, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 14 мај, при излез од Република Македонија преку граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје прикажал лажна исправа – фалсификуван сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не му е издаден, тој лажната исправа ја употребил како вистинита, со што го сторил наведеното дело.​

Коронавирус