понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Хроника

Скопјанец обвинет за тешки дела против општата сигурност и за поседување оружје и муниција

Скопјанец обвинет за тешки дела против општата сигурност и за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едо лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, опожарил паркирано патничко возило Ауди. Притоа употребил запалива дериватна течност – бензин која ја активирал со запалка и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се развил обвинетиот предизвикал значителна опасност за имотот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило Форд мондео. Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното возило Ауди, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил Форд мондео.

При претрес во домот на обвинетиот на 5 февруари во село Варава кај обвинетиот било пронајдено огнено оружје – полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршуми во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар.

Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените.​

Коронавирус