четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Скопјанец напаѓал жени во Кисела Вода- им ги кинел златните ланчиња од вратот

Скопјанец напаѓал жени во Кисела Вода- им ги кинел златните ланчиња од вратот

СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје, поднесе кривична пријава против Л.С. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од 10 септември до 29 октомври годинава, од кои две на подрачјето на Полициската станица Центар и една на подрачјето на Полициската станица Кисела Вода. Л.С. се доближувал до оштетените и им ги кинел златните ланчиња од вратот.

Во Полициската станица Кисела Вода било извршено препознавање од оштетените.