четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 54
home Хроника

Скопјанец нападнат од обезбедување на банка: Влегол да провери сметка, добил ќотек

Скопјанец нападнат од обезбедување на банка: Влегол да провери сметка, добил ќотек

На 30.08.2019 во 16:20 часот С.А.(65) од Скопје во полициската станица Аеродром пријавил дека околу 15:30 часот во експозитура на банка во општина Аеродром бил физички нападнат од З.М.(38) вработен во обезбедување на експозитурата.

Нападнат бил по расправија, откако на шалтер побарал објаснување околу неговата сметка.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.