понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 133
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Скопјанец извршил полов напад врз својата вонбрачна 12-годишна ќерка, сега ќе одговара!

Скопјанец извршил полов напад врз својата вонбрачна 12-годишна ќерка, сега ќе одговара!

Скопското обвинителство поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО Скопје.

-Обвинетиот,  на 10-ти февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години. Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија, соопштија од скопското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи сè уште постојат истите основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото​.

Коронавирус