понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 105
home Хроника

Скопјанец излетал во автомобил, хоспитализиран со тешки повреди

Скопјанец излетал во автомобил, хоспитализиран со тешки повреди

На 02.04.2020 во 20.15 часот на регионален пат 1102, од с.Смоквица кон с.Прдејци, општина Гевгелија, во близина на мостот на река Зујца К.К.(51) од Скопје, управувајќи патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што тоа се превртело на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

Коронавирус