недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Скопјанец излетал од пат кај Велес, со тешки повреди завршил на клиника

Скопјанец излетал од пат кај Велес, со тешки повреди завршил на клиника

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 22.30 часот на автопатот Велес-Скопје, во близина на „Штипска петља“, патничко возило „Хјундаи ИХ35“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(58) од Скопје, излетало од патот.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Коронавирус