понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Хроника

Скопјанец изгубил контрола над „априлијата“ и паднал на коловозот- со тешки повреди пренесен во Градска

Скопјанец изгубил контрола над „априлијата“ и паднал на коловозот- со тешки повреди пренесен во Градска
илустрација

З.Н. (44) од Скопје вчера попладне во 17:30 часот управувајќи мопед „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, на крстосница од улица „Мите Богоевски“, улица „Горно Лисиче“ и улица „Ѓорге Андреевиќ-Кун“ во Скопје, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот, при што се здобил со повреди.

Мотоциклистот З.Н. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.