петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 167
home Хроника

Скопјанец истепал ветеринарен лекар во бачило

Скопјанец истепал ветеринарен лекар во бачило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Б.С.(41) од с.Шишево, скопско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 29.09.2020 околу 10.00 часот, во с.Галичник, во бачило сопственост на Џ.С., брат на пријавениот, И.Н.(52) од Скопје, во својство на ветеринарен лекар, заедно со уште тројца контролори, сите вработени во АФПЗРР „Платежна агенција“ – Скопје отишле   службено за да извршат претходно закажана контрола во бачилото – фирма барател на субвенции.

При објаснување на постапката на контролата од страна на ветеринарот, Б.С. почнал агресивно да се однесува кон И.Н., по што употребил физичка сила и се обидел да го нападне со остар предмет, но бил спречен во намерата.

Коронавирус