понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 21
home Хроника

Скопјанец го застрелал ровајлерот на соседот во двор

Скопјанец го застрелал ровајлерот на соседот во двор

Скопјанец застрелал ровајлер откако претходно кучето го нападнало, информира МВР.

„Вчера во 18:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1439“, во дворот од куќата, 44-годишниот Д.Б. со пиштол усмртил куче „Ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед, 55-годишниот Ѓ.Н., кое, според пријавеното, претходно, го нападнало.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.