понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Хроника

Скопјанец доби кривична за закани преку Фејсбук, следуваат уште десетина

Скопјанец доби кривична за закани преку Фејсбук, следуваат уште десетина

Скопјанец добил кривична пријава за закани на Фејсбук, соопшти полицијата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Д.Д. (46) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст. 4, предвидено и казниво според Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Пријавениот Д.Д. по пат на информатички систем користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук, на 23. и на 24.07.2019 година објавил содржини со заканувачка содржина.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои вели дека во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коронавирус