среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Скопјанец баран за издржување затворска казна уапсен додека превезувал мигранти

Скопјанец баран за издржување затворска казна уапсен додека превезувал мигранти

М.О.(41) од скопско Зелениково вчера околу 18 часот бил уапсен во индустриска зона во с.Василево.

Скпјанецот, информира МВР, управувал товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени 30 лица мигранти (29 од Авганистан и еден од Пакистан).

-Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од полицијата

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.