среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 169
home Хроника

Син си ја претела мајката во Скопје

Син си ја претела мајката во Скопје

На 14 09 2018 година во 15:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје  Љ.К. (47) пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица „Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17-годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус