понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 59
home Хроника

Син на пратеник тепал вработен во скопски ресторан

Син на пратеник тепал вработен во скопски ресторан

Син на пратеник од владејачката коалиција претепал келнер во скопскиот ресторан „Дион“ во ГТЦ, дознава НетПрес од вознемирените гости, сведоци на настанот кои објаснуваат дека очекувале во секој момент да биде употребено и оружје.

Според информацијата напаѓачот се појавил заедно со група пријатели и по бројните закани за наводен долг на вработениот кон него, синот на пратеникот почнал и да го удира, на што реагирале останатите вработени и ги одвоиле, но расправијата продолжила.

Во моментов полицијата врши увид и нема информации зошто и како се случила тепачката, ниту пак информации кои се учесниците, велат од МВР и посочуваат дека подоцна ќе соопштат детали.

Коронавирус