петок, 23. јули 2021. Вести денес: 173
home Хроника

Си се забавувале со жива музика за време на епидемија: Полицијата поднесе кривични

Си се забавувале со жива музика за време на епидемија: Полицијата поднесе кривични

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од валандовското село Балинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 1 август 2020 во 22 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на А.Б., при што било констатирано дека на повеќе маси биле присутни повеќе лица, а бил организиран и музички настан со музика во живо, со што било постапено спротивно на протоколот за отворање и работа на угостителски објекти.

Коронавирус