среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 7
home Хроника

Што се случува во Скопје? „Врие“ од кражби и физички напади на јавни места

Што се случува во Скопје? „Врие“ од кражби и физички напади на јавни места

Што се случува во Скопје? Ова е прашањето кое граѓаните си го поставуваат, поради секојдневните напади и кражби кои се случуваат во главниот град. Полициските билтени „вријат“ со вакви случки. Само вчера и утрово се случиле три физички напади и три кражби на јавно место.

На 07.08.2019 во 21.30 часот во СВР Скопје А.А.(53) од Скопје пријавил дека на улицата “Максут Садик“ Х.К.(33) од Скопје физички го нападнал неговиот 17 годишен син.

На 07.08.2019 во 18,20 часот во СВР Скопје А.Д.(53) од Скопје пријавил дека на булеварот “Гоце Делчев“ бил физички нападнат од две лица.

На 07.08.2019 година во 22,00 часот во СВР Скопје,Л.К.(42) пријавил дека на булевар „Партизански Одреди“ на паркинг пред угостителски објект, две лица со закана му одзеле ташна.

На 08.08.2019 во 00,03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека едно лице со закана одзело пари и цигари од продавница на улица„11-ти Октомври“.

На 07.08.2019 во 21,30 часот во СВР Скопје, Д.Ј. од Скопје, пријавила дека на ул. Венјамин Мачуковски едно лице физички ја нападнало и и одзело мобилен телефон.

Во полицискиот билтен стои дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.