четврток, 4. март 2021. Вести денес: 93
home Хроника

Штипјанка била агресивна и упатувала закани кон вработени во болницата

Штипјанка била агресивна и упатувала закани кон вработени во болницата

Штипјанка агресивно се однесувала и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил завчера пријавен, по што полицијата од слобода ја лишиле 46-годишната С.Р од Штип.

Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА го потврдува инцидентот и вели дека се случил на одделот за рендген.

Коронавирус